/ Прочитано:

855

Апелација повторно ја укина ослободителната пресуда за ексдиректорот на ФЗОМ, Ѓорги Тренковски

Четврток, 11 септември 2014 – Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Обвинителство и повторно ја укина ослободителната пресуда за ексдиректорот на ФЗОМ, Ѓорги Тренковски, и директорката на „Градски аптеки“, Весна Огненовска.

„Апелациониот суд – Скопје до до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави решение со кое ја укинува пресудата на првостепениот суд со К.бр 1625/13 од 08.10.2013 година со која обвинетиот Г.Т. за крвичното дело Несовесно работење во службата од член 353-в ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик и обвинетата В.О. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 в.в ст.3 в.в ст.1 од Кривичниот законик, ги ослободи од обвинение“, соопштија од скопскиот Кривичен суд. 

Основниот суд Скопје 1 двапати носи пресуда со која ги ослободува од обвинение Тренковски и Огненовска под образложение декаа не ги сториле кривичните дела за кoи се товарат, односно дека не се докажало дека двојно се плаќале едни исти лекови. Апелација, пак, ги двапати ги укинува пресудите. „Од образложението на пресудата не може во целост да се испита нејзината правилност. Изреката на пресудата не е доволно јасна, а образложението не содржи доволно причини за решителните факти во однос на постоење на предметното кривично дело и кривичнна одговорност кај обвинетите во постапката“, се вели во решението на Апелација во однос на првостепената пресуда.  Тренковски беше притворен во ноември 2009 година, а судскиот процес почна во декември 2010 година. Во своја одбрана тој тврдеше дека како директор немал контакти со должничко доверителски односи со приватната организација Градски аптеки.  Според него, тоа било во надлежност на подрачната единица на Фондот за здравство.

Тренковски и директорката на „Градски аптеки“, Весна Огненовска, беа обвинети за финансиски малверзации тешки 450 илјади евра.  

E. П. / pavlovskae@akademik.com.mk