/ Прочитано:

1.056

Апелациониот суд во Нови Сад му ја намали затворската казна на вештакот Антиќ за лажното сведочење

Вторник, 7 август 2012 – Апелациониот суд во Нови Сад им ја намали казната на судскиот вештак Стојан Антиќ од Србобран, бизнисменот Драган Ивковиќ од Врдник и адвокатот Младен Грбиќ од Рума кои се обвинети за давање и примање мито, пренесуваат српските медиуми.

Апелациониот суд правно го кваликуваше кривичното дело кое му се става на товар на судскиот вештак како примање на мито. Вештакот Стојан Антиќ второстепениот суд го осуди на 2 години затворска казна. Според првостепената судска одлука тој беше осуден на 3 години затвор, а обвинителството го товареше за  две кривични дела, примање и давање на мито.

Бизнисменот Драган Ивковиќ едногодишната затворска казна му е заменета со тригодишна условна казна. Тој е обвинет за давање на мито со цел судскиот извештај за неговиот случај да го пренасочи судењето во негова корист. Неговиот адвокат кој според обвинението ги организирал работите меѓу вештакот и бизнисменот, Апелациониот суд му ја укина 10 месечната условна казна поради тоа што делото било застарено.

Во обвинението стои дека вештакот Антиќ побарал 4500 евра од извесен клиент за да го направи вештачењето поволно за него во судскиот процес што се водел против клиентот во тоа време. Следната година неколку пати побарал од бизнисменот Ивковиќ 15.000 евра да направи вештачење што ќе биде во корист на бизнисменот во предметот што се водел во судот во Сремска Митровица. Бизнисменот не можел таа сума да ја плати во готовина, па митото било компензирано со шлепер цигари и скутер. Адвокатот Грбиќ посредувал и организирал за договорот меѓу вештакот и бизнисменот.