/ Прочитано:

1.389

АСЈО: Обука за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Четврток, 18 јуни 2015 – Од 19 до 20 јуни 2015 година, во хотел Александар Палас во Скопје, со почеток во 12:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, а во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL), ќе се одржи тринаесетата обука за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Целта на обуката е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на судиите и јавните обвинители, со крајна цел воедначување на казнената политика.

Утврдената листа на предавачи за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната се од редот на работната група која работеше на изработка на текстот на законот, и тоа судии и јавни обвинители.

 На обуката ќе присуствуваат вкупно 25 учесници и истата ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: г-ѓа Зуица Наумова, судија на Апелациониот суд Скопје и г. Јани Нича, судија во Основен суд Скопје 1.