/ Прочитано:

1.816

АСЈО „Павел Шатев“: Информација за полагањето на психолошкиот тест

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ објави информација за полагањето на психолошкиот тест од приемниот испит за шестата генерација на кандидати за судии и јавни обвинители.

pravosudstvo-1-e1362043996883.jpg

„Полагањето на психолошкиот тест од приемниот испит, кој треба да го полагаат кандидатите за VI генерација на кандидати за судии и јавни обвинители на Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе се спроведе на 27 февруари (сабота) 2016 година во 10:00 часот во просториите на Филозофски факултет Св „Кирил и Методиј“, во Скопје“, информираат од АСЈО „Павел Шатев“.