/ Прочитано:

757

Барањата за приватизација на државно земјиште ќе се поднесуваат и во недела

Четврток, 11 декември 2014 – Подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии заклучно со 15 декември, кога е крајниот рок за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, ќе работат секој ден, вклучувајќи и недела, со работно време од 8.30 до 19.00 часот.

Според Министерството за финансии, подрачните одделенија на Управата ќе работат и во недела поради големиот интерес за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Барањата за приватизација можат да се поднесуваат во подрачните одделенија за првостепена управна постапка при Управата за имотно-правни работи.