/ Прочитано:

2.547

БЕНГАЛОРСКИ НАЧЕЛА ЗА СУДСКО ПОВЕДЕНИЕ

Бенгалорските начела на судско поведение сè повеќе се прифатени од страна на различните сектори на глобалното судството и од меѓународните агенции заинтересирани за интегритетот на судскиот процес. Како резултат на тоа, Бенгалорските начела сè повеќе и повеќе се сметаат за документ кој може безрезервно да се прифати од сите судства и правни системи. Овие начела се израз на највисоките традиции кои се однесуваат на судската функција визуелизирана во сите култури и правни системи. 

„Заоѓањето на сонцето треба да е екстремната граница до кога судијата треба да ја донесе својата одлука“, Дванаесет табели (450 п.н.е.)

Бенгалорските начела на судско поведение се додадоа како анекс на извештајот презентиран од страна на специјалниот известувач на Обединетите Нации за независноста на судиите и адвокатите Dato Param Cumaraswamy на педесет и деветтата седница на Комисијата за човекови права на Обединетите Нации која се одржа во април 2003 година. На 29 април 2003 година, Комисијата едногласно ја усвои резолуцијата 2003/43 која ги призна Бенгалорските начела на судско поведение и ги истакна „за разгледување на земјите-членки, релевантните органи на Обединетите Нации и меѓувладини и невладини организации“.

Бенгалорски начела на судско поведение – Вредности:

НАЧЕЛО ЗА НЕЗАВИСНОСТА: Судската независност е предуслов за владеење на правото и основна гаранција за правично судење. Затоа секој судија треба да ја поддржува и да ја покажува и во индивидуален и во институционален аспект.

Судијата да ја врши судиската функција самостојно според проценка на фактите и во согласност со совесното разбирање на правото, ослободен од било какви нерелевантни влијанија, поттикнувања, притисоци, закани или мешање, директно или индиректно, од било кој извор и од било која причина.

Судијата треба да биде независен во однос на општеството во целина и во однос на спротивставените страни во спорот кој судијата треба да го суди.

Судијата треба да е ослободен од несодветни врски со, и влијание на, извршната и законодавната власт, и тоа треба да се види дури и од страна на еден разумен набљудувач.

Во вршењето на судската должност, судија ќе биде независен од судските колеги во однос на одлуките што е должен независно да ги донесе.

Судијата ќе промовира високи стандарди на судско поведение, со цел да ја зајакне довербата на јавноста во судството бидејќи таа е од фундаментално значење за одржување на независноста на судството.

НАЧЕЛО ЗА НЕПРИСТРАСНОСТА: Непристрасноста е од суштинско значење за правилно функционирање на судиската функција. Таа се однесува не само на самата одлука, туку исто така, на процесот преку кој е донесена одлуката

Судијата ги извршува своите судски должности без наклоност, пристрасност или предрасуди.

Судијата треба да внимава неговото или нејзиното поведение, и во и надвор од судот, да ја одржува и подобрува довербата на јавноста, на правниците и на странките, во неговата непристрасност и во непристрасноста на судството.

Судијата, колку што тоа е разумно, треба да се однесува на начин што ќе ги минимизира приликите кои би предизвикале судијата да биде дисквалификуван од сослушување и одлучување на случаи.

Еден судија не смее свесно, додека една постапката е во тек да дојде кај судијата кој ја води постапката и да даде некој коментар што разумно може да се очекува дека ќе влијае врз исходот на постапка или ќе ја наруши манифестираната правичност на процесот.

Судијата не смее ниту пак, да даде било каков коментар во јавност или на друго место, кој може да влијае врз правичноста на судењето на едно лице или во спор.

Судијата ќе се дисквалификува себеси од учество во секоја постапка во која тој не е во состојба да одлучи непристрасно за предметот или во која на разумен набљудувач може да му изгледа дека судијата не е во можност да одлучи непристрасно за предметот.

НАЧЕЛО ЗА ИНТЕГРИТЕТОТ: Интегритетот е од големо значење за исправното вршење на судиската функција

Судијата ќе внимава неговото поведение да не предизвика осуда во очите на еден разумен набљудувач.

Поведението на судија мора да ја реафирмира верата на луѓето во интегритетот на судството. Правдата не треба само да се извршува, туку и да се види дека се извршува.

НАЧЕЛО ЗА КОРЕКТНОСТА: Од суштинско значење за извршување на сите активности на судијата е да постои коректност и таа коректност да биде видлива

Судијата ќе избегнува да биде некоректен и да покажува некоректност во своите активности.

Како предмет на постојана јавна контрола, судијата мора да прифати лични ограничувања кои би можеле да му изгледаат тешки на обичниот граѓанин, но судијата треба да ги прифати своеволно и доброволно. Поконкретно, еден судија треба да се однесува на начин кој е во согласност со достоинството на судиската функција.

Во своите лични односи со поединечните членови на правната професија кои работат на редовна основа во судот судијата треба да избегнува ситуации кои разумно би можеле да доведат до сомневање или појава на фаворизирање или пристрасност.

Судијата не смее да учествува во утврдување на случајот во кој некој член на неговото семејство претставува една од странките или е поврзан на некој начин со случајот.

Судијата не смее да дозволи еден член на правната професија да го употреби неговото место живеење за да прима клиенти или други членови на правната професија.

Судијата, како и секој друг граѓанин, има право на слобода на изразување, верување, здружување и собирање, но во остварувањето на тие права, судија секогаш ќе се однесува на таков начин што ќе го зачува достоинството на судиската функција, и непристрасноста и независноста на судството.

Судијата ќе се информира за своите лични и доверителски финансиски интереси и ќе вложи разумни напори да биде информиран за финансиските интереси на членовите на своето семејството.

Судијата не треба да го употреби или да дозволи да се употреби престижот на судската функција за унапредување на своите приватни интереси, или за унапредување на интересите на член на неговото семејство или на некој друг, ниту пак да пренесе или да дозволи другите да остават впечаток дека некој е во посебна позиција неправилно да влијае врз него при вршењето на судската должност.

Доверливите информации кои судијата ги стекнал во својот судски капацитет не смее да ги користи или да ги открие за било која друга цел што не е поврзана со судските должности на судијата.

Во зависност од исправното извршување на судските должности, еден судија може:

да пишува, држи предавања, поучува, и учествува во активности кои се поврзани со правото, правниот систем, и спроведување на правдата или слични работи;

да се појави во јавна расправа пред официјален орган кој се занимава со прашања поврзани со правото, правниот систем, спроведување на правдата или други сродни прашања;

да служи како член на официјален орган, или друга владина комисија, комитет или советодавен орган, ако таквото членство не е во спротивност со перцепцијата на непристрасност и политичка неутралност на судија;

да се вклучи во други активности ако таквите активности не се навреди за достоинството на судиската функција или на друг начин да се мешаат со вршењето на судската должност.

НАЧЕЛО ЗА ЕДНАКВОСТА: Обезбедување еднаков третман за сите пред судовите е од суштинско значење за очекуваниот успех на судиската функција

Судијата ќе биде свесен, и ќе има разбирање, за разновидноста во општеството и за разликите кои произлегуваат од различни извори, вклучувајќи раса, боја на кожа, пол, вера, национално потекло, каста, инвалидитет, возраст, брачен статус, сексуална ориентација, социјални и економски статус и други слични причини („ирелевантни основи“).

 Судијата не треба во вршењето на судската должност, со зборови или поведение, да манифестира пристрасност или предрасуди кон било кое лице или група на темел на ирелевантни основи.

 Судијата треба да ја врши судиската должност со соодветна грижа за сите лица, како што се странки, сведоци, адвокати, судски персонал и судските колеги, без разлика на било каква ирелевантна основа, неважна за правилното извршување на таквите должности.

Судијата треба да бара од адвокатите во постапката пред судот да не покажуваат ниту со зборови, ниту со поведение, пристрасност или предрасуди на темел на ирелевантни основи, освен ако се правно релевантни за прашањето во постапката и може да биде предмет на легитимно застапување.

НАЧЕЛО ЗА СТРУЧНОСТ И СОВЕСНОСТ: Стручноста и совесноста се предуслови за очекуваниот начин на извршување на судската функција

Судските обврски на судијата имаат предност пред сите други активности.

Судијата ќе се посвети на извршување на судските должности, кои вклучуваат не само исполнување на судиската функција и одговорности во судот, и донесување одлуки, туку исто така и други задачи кои се релевантни за извршување на судиската функција или операциите во судот.

Судијата ќе преземе разумни чекори за да го одржи и унапреди своето знаење, вештини и лични квалитети неопходни за правилно извршување на судската должност, искористувајќи ги расположливите обуки и други можности за оваа намена кои, под судска контрола, треба да им бидат достапни на судиите.

Судијата треба да се информира за релевантните случувања на меѓународното право, вклучувајќи ги и меѓународните конвенции и други инструменти за воспоставување норми за човекови права.

Судијата ги врши сите судски должности, вклучувајќи го и решавањето на одложени одлуки, ефикасно, праведно и со разумна брзина.

Судијата треба да го одржи редот и пристојноста во сите постапки пред судот и да биде трпелив, достоинствен и учтив кон странките, поротниците, сведоците, адвокатите и другите со кои е во контакт во својство на службено лице. Судијата треба да го очекува истото поведение од правните застапници, вработените во судот и другите кои се под негово влијание, водство и надзор.

М.В / veljanoskim@akademik.mk

18.2. 2015