/ Прочитано:

658

БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА: Се продолжува рокот за информациите поврзани со храната

Понеделник, 30 ноември 2015 – Во Собранието на Република Македонија предложени се нови измени на Законот за безбедност на храната.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната) се воведоа одредби со кои се врши допрецизирање на одредбите во врска со информациите за храната кои треба да се обезбедат за крајните потрошувачи, како и одговорностите за информациите поврзани со храната. Поради потребата од дополнително време за операторите со храна да го усогласат своето работење со одредбите од членовите 29-а, 29-б, 29-в, 29-г, 29-д и 29-ѓ од Законот за безбедност на храната, потребно е да се продолжи рокот за усогласување со одредбите кои се однесуваат на информациите поврзани со храната“, се посочува во законското образложение.

Според законските измени и дополнувања, „рокот од шест месеци“ за усогласување со одредбите кои се однесуваат на информациите поврзани со храната се заменува со „рок од дванаесет месеци“.