/ Прочитано:

9.744

Битолски адвокати добија високи признанија по повод јубилејот 155 години од постоењето на адвокатурата во Србија

По повод 155 години од постоењето на адвокатурата во Србија, Адвокатската комора Крагуевац од Република Србија им додели повелби на шест адвокати од Битола.

Со одлука на Адвокатската комора Крагуевац од Република Србија, на адвокатите Никола Главинче, адвокат од Битола и претседател на Адвокатската заедница Битола, Васил Ѓорѓиев, адвокат од Битола, Слободан Димитров, адвокат од Битола, во пензија, Васко Талевски, адвокат од Битола, Александар Ѓ. Танчевски, адвокат од Битола, Васко Стојков, адвокат од Битола им се доделени повелби за долгогодишно развивање на меѓусебната соработка, совесност и успешност во извршувањето на адвокатската дејност.

Одлуката за доделување на повелби, истакнуваат од Адвокатската заедница Битола, е донесена по повод 155 години од постоењето на адвокатурата во Србија. Повелбите беа врачени од страна на адвокат Звонко Марковиќ, претседател на АК Крагуевац на свеченоста по тој повод која се одржа на 28.2.2017 г. во хотел „Крагуевац“.

„Присутните адвокати од Битола се заблагодарија за доделените високи признанија и подвлекоа дека ова е признание и за македонската адвокатура и за традиционалните пријателски односи на нашата професија помеѓу двете комори и држави. Во исто време се изрази и желба за продолжување на контактите и соработката на двете збратимени комори. Повелба му е доделена и на г. Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Република Македонија“, велат од Адвокатска заедница Битола.

М.В