/ Прочитано:

1.224

Битолскиот судија Зоран Караџовски нов член на Судскиот совет

Петок, 29 август 2014 – Зоран Караџовски судија на Апелациониот суд Битола е избран за  нов член на Судскиот совет на РМ (ССРМ).

На местото на досегашниот член Крсте Сиваков на кој му престана мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија, Судскиот совет на Република Македонија на ден 26.08.2014 година спроведе постапка за избор на нов член.

„Изборот се вршеше од редот на судиите на Апелационото подрачје Битола. Гласањето се спроведе во судовите на Република Македонија кои се на Апелационото подрачје Битола. Врз основа на сумираните резултати од гласањето, Комисијата формирана во рамките на Советот утврди дека за член на Судскиот совет на Република Македонија е избран Зоран Караџовски судија на Апелациониот суд Битола“, известуваат од ССРМ.

Новоизбраниот член на Советот ќе стапи на новата функција по давањето на свечена изјава пред Претседателот на Собранието на Република Македонија.

Караџовски, за судија на Апелациониот суд Битола беше избран минатата година. Претходно судиската функција ја вршеше во Основниот суд Битола.