/ Прочитано:

824

Боб Дилан ослободен од обвинението дека ги навредувал Хрватите

Среда, 16 април 2014 – Судот во Париз ја отфрли тужбата на една хрватска организација во Франција против американскиот кантавтор Боб Дилан за навредување на Хрватите.

Истрагата против Боб Дилан поради „навредувањето и поттикнувањето на омраза“ беше покрената во декември 2013 година.

Истрагата беше иницирана врз основа на тужбата која ја поднел Советот на хрватската заедница во Франција, кога го тужеше Дилан заради објавено во француското издание на американското списание „Ролинг Стоун“.

Имено, според француската верзија на списанието што е превод на оригиналното, американското издание, Дилан, зборувајќи за своето залагање за правата на црнците, рекол дека тие можат да ги „почувствуваат“ расистите, „токму како Евреите нацистите, а Србите Хрватите“.

Судот во вторник ја донел одлуката во корист на Дилан, наведувајќи дека музичарот го одборил објавувањето на интервјуто во оригиналната, американската верзија на списанието, а не во француската.

Судот, меѓутоа, одлучил да му суди на директорот на француското издание на „Ролинг Стоун“, поради навредување и поттикнување на омраза.

Боб Дилан (72) е исклучително почитуван во Франција, каде во ноември 2013 година го доби орденот Легија на честа.

http://youtu.be/tGO8snK98l0