/ Прочитано:

1.620

Борбата против корупцијата со злоупотреба на моќта – закана за демократските процеси во Романија

Според Дејвид Кларк, поранешен советник во британското Министерство за надворешни работи од 1997 – 2001, под површината се кријат и други работи. Имено, во составувањето на еден од извештаите за тинк-тенк организацијата „Хенри Џексон”, тој пронашол докази кои укажуваат на тоа дека романската Национална дирекција за борба против корупцијата ја злоупотребува својата моќ и применува одредени методи на работа познати во времето на комунизмот, кои единствено служеле за лични интереси и за прогон на политичките неистомисленици. Од бројните критичари на Дирекцијата се издвојува поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску (2004 – 2014), кој додека беше на претседателската функција всушност прв ја започна борбата против корупцијата во Романија, а сега ја обвинува Дирекцијата дека ги крши човековите права и дека дејствува надвор од Уставот на Романија.

корупција во Романија

Неодамнешниот подем на популистичките политики во Унгарија и во Полска го вклучи алармот за иднината на демократијата во Европа, за уставните гаранции, за плурализмот на медиумите и за граѓанското општество, кои се под постојан напад.

Во ваков контекст, во Романија, која како држава честопати се истакнуваше како пример за спроведување на успешни реформи во Централна и Источна Европа, се појавува заканата од корупција.

Романија многупати беше фалена од страна на лидерите на државите членки на ЕУ за борбата против корупцијата и за преземањето остри мерки против неа, како и за успешното функционирање на судскиот систем преку Националната дирекција за спречување на корупцијата (ДНА), која треба да послужи како модел кој треба да го следат останатите држави. Впрочем, Националната дирекција за борба против корупцијата е формирана во 2002 година како специјално обвинителство кое треба да ги истражува, да ги спречува и да ги гони делата поврзани со корупцијата (мито, покровителство и проневера), со кои е предизвикана материјална штета поголема од 200 000 евра или кога вредноста на добрата со кои е извршена корупцијата е повисока од 10 000 евра.

Но, според Дејвид Кларк, поранешен советник во британското Министерство за надворешни работи од 1997 – 2001, под површината се кријат и други работи. Имено, во составувањето на еден од извештаите за тинк-тенк организацијата „Хенри Џексон”, тој пронашол докази кои укажуваат на тоа дека романската Национална дирекција за борба против корупцијата ја злоупотребува својата моќ и применува одредени методи на работа познати во времето на комунизмот, кои единствено служеле за лични интереси и за прогон на политичките неистомисленици.

Од бројните критичари на Дирекцијата се издвојува поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску (2004 – 2014), кој додека беше на претседателската функција всушност прв ја започна борбата против корупцијата во Романија, а сега ја обвинува Дирекцијата дека ги крши човековите права и дека дејствува надвор од Уставот на Романија.

Стапките на осудителни пресуди во вакви случаи во Романија изнесуваат неверојатно високи 92 %, но доколку се погледнат методите на работа на Дирекцијата може да се заклучи и зошто е тоа е така – речиси сите предмети на корупција вклучуваат пропусти во кривичната постапка. Така, на пример, постојат случаи каде што пресудите се засновани на непотврдени докази, сведоци кои давале изјави заради личен имунитет и заштита од гонење, заштитените сведоци честопати биле охрабрувани да соработуваат со цел нивните семејства или луѓе блиски на семејството да не бидат соочени со прогон, а пак притворот се користи како уште една форма на моќ и покрај тоа што не станува збор за насилни кривични дела и до израз доаѓаат и транскриптите од прислушуваните телефонски разговори во медиумите како метод за дискредитација на обвинетите.

Исто така, во својата анализа Кларк наведува дека постојат случаи каде што судиите кои одлучувале против обвиненијата на Дирекцијата подоцна самите се предмет на истрага, а има и случаи во кои функционерите од највисоките ешалони на власта ги обвинувале своите критичари јавно на националната телевизија.

Според анализата на Кларк, во мај 2014 тогашниот премиер Виктор Понта потенцирал дека сопственикот на критички настроениот весник „Романија либера” Дан Адамеску ќе биде уапсен за корупција, што и се случило неколку дена подоцна, а потоа бил осуден за мито во правен процес кој изобилувал со неправилности.

Во Романија постојат наводи кои се однесуваат на блиски односи и соработка помеѓу Националната дирекција за борба против корупцијата и Романската разузнавачка служба (СРИ) која е наследник на тајната полиција „Секуритате” од времето на комунизмот. Тие односи се во насока на обезбедување на околу 20 000 телефонски повици од страна на Разузнавачката служба за Дирекцијата, од каде што пак признаваат дека Службата играла активна улога во започнувањето на истрагите.

Ова се само неколку примери врз кои е изготвена оваа анализа и, за жал, вели Кларк, ништо од сето ова не е напишано или забележано во извештајот за мониторинг на Романија од страна на Европската комисија, која од друга страна претпочита и настојува да ја прикаже државата како пример во борбата против корупцијата.