/ Прочитано:

9.016

Борис Тунџев – нов директор на Агенцијата за катастар на недвижности

Владата на Република Македонија за вршител на должноста директор на Агенцијата за катастар на недвижности го именува Борис Тунџев.Тој доаѓа на местото на Славче Трпески.

Борис Тунџев е поранешен претседател на Комората на трговци-поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија. Под раководство на Тунџев, Комората на трговци-поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија во 2014 година остро реагираше на предложените измени на Законот за катастар на недвижности во однос на вршењето на геодетската професија, за кои оценија дека се штетни за геодетската фела.

Во интервјуто за „Академик“, Тунџев нагласи дека при креирање конкретно законско решение мора да се почитува институтот јавна расправа и да се слушнат професионалците кои директно и практично се вклучени во проблематиката. Забелешките на геодетите беа прифатени од Собранието на Република Македонија.

„Измените на Законот за катастар на недвижности се тежок удар за геодетската дејност“, м-р Борис Тунџев, претседател на Комората на трговци-поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ.

М.В