/ Прочитано:

860

Бучковски: Правдата ќе ја барам пред Врховен суд

Среда, 3 септемеври 2014 – Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски кој вчера  ја доби пресудата од Апелациониот суд кој му изрече две години затвор  за случајот со злоупотреба на тенковски делови вели дека правда ќе ја бара пред Врховниот суд.

„Седум години трае овој судски процес, седум години ја барам правдата, но ја нема. Полесно ќе најдев игла во пласт сено. Како и да е, надежта последна умира, ќе ја барам правдата пред највисоката судска инстанца, Врховниот суд. Ќе поднесам вонреден правен лек за вонредно преиспитување на пресудата“– изјави Бучковски за „24 вести“.

 Апелациониот суд во Скопје им ја намали за една година затворската казна на Бучковски и на ексначалникот на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски кои за злоупотреба со тенковски делови, од првостепениот суд беа осудени на три години затвор. 

Апелација ја преиначи одлуката и во однос на останатите обвинети опфатени со овој предмет.

Според обвинението, Владо Бучковски, Методи Стамболиски, Нелко Менкиновски, Ацо Ѓурчевски и МитреПетковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови „Т55“ и го оштетиле буџетот за над 2 милиона евра. По објавување на пресудата, Бучковски, кој за истото дело во 2008 година беше осуден на 3,5 години затвор, по што случајот беше вратен на повторно судење.