/ Прочитано:

843

ЧЕКОР КОН УКИНУВАЊЕ: Потпишана Спогодба за намалување на цените на роаминг услугите

Понеделник, 29 септември 2014 – Денеска во Будва, Црна Гора во рамки на фестивалот за технологии, информации и комуникации “Инфофест” во 11 часот беше потпишана спогодба за роаминг помеѓу Република Македонија, Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Потпишувањето на договорот за изедначување на цените на роаминг услугите помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Хецеговина ќе биде прв чекор кон укинување на роамингот во овој дел на Европа.

Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори меѓу петте држави од регионот.

За примена на спогодбата чија содржина ја договораа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.

Со новата регионална роаминг регулатива цените ќе паднат и до 50%. Државите кои влегуваат во оваа регулатива треба измените да и завршат до декември.

„Сакаме цените да бидат усогласени со цените коишто моментално се предвидени во роаминг регулативата на Европската комисија, односно тие да изнесуваат за една минута разгвор во роаминг не повеќе од 11 денари, за еден СМС не повеќе од 3,5 денари и за еден мегабајт интернет во роаминг да не изнесува повеќе од 12 денари“, велат од Агенцијата за електронски комуникации на Македонија.