/ Прочитано:

862

Четворица полицајци спиеле на работно место – МВР ги „расони“ со парични казни

Понеделник, 14 април 2014 – Министерството за внатрешни работи за само една недела парично казни 19 вработени , а меѓу оние што ќе земат помала плата имало четворица што спиеле на работното место во моментот кога била извршена контролата.

МВР  соопшти дека донело 22 решенија против 22 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Деветнаесетмина се казнети со помала плата, а на двајца им е изречено писмено предупредување, а за еден полицаец е запрена постапката. Полицајците што биле фатени како спијат се од Демир Kапија, двајца од Ростуше и еден од Прилеп. Kазни добиле и полицајци што не изготвиле службени белешки во даден рок, не исклучиле возило од сообраќај за детаљна проверка, еден добил казна оти не сместил лице во просторија за задржување, а друг, пак, не презел мерки за утврдување постоење кривично дело.