/ Прочитано:

1.083

Дали Шкотска треба да биде независна држава? Шкотланѓаните рекоа „НЕ“

Петок, 19 септември 2014 – Според официјалните резултати од пребројаните гласови на референдумот за независност на Шкотска кој се одржа вчера, во скоро сите 32 округа, противниците на независноста освоиле 55,48 насто, а оне што биле за незвисност 44,58 проценти од гласовите.

Ваквата бројка претставува над милион и деветстотини гласови за страната која е за останување на Шкотска во Обединетото кралство.  Потребниот победнички збир беше 1.852.828. На национално ниво, разликата во гласовите е околу 55% до 45%.

Ова гласање е кулминација на двегодишната жестока кампања на двете опции. Сега ќе почнат разговори на Шкотска да ѝ се дадат повеќе надлежности.

Водачот на кампањата за  Шкотската  независност Алекс  Салмонд го призна поразот на  одржаниот референдум, но сепак приврзаниците на шкотската независност велат дека после референдумот и масовната поддршка која „неверојатно порасна последниве години – Шкотска повеќе нема да биде иста“.

„Нашиот  референдум беше  договорен и одобрен процес. Шкотска  во оваа  фаза  реши да  каже  НЕ на  тоа  да стане  независна  земја  и јас  ја  прифаќам таа  одлука-рече Салмонд пред   своите  следбеници  и ја  повика  цела  Шкотска да ја прифати оваа  демократска  одлука на  шкотскиот  народ“, пренесува Би-Би-Си.