/ Прочитано:

1.323

Екстрадиран Симеон Михаилов, осуден на доживотен затвор во „ДЕТОНАТОР“

Петок, 1 август 2014 – По повеќемесечен екстрадиционен притвор синоќа од страна на италијанската полиција во Македонија е екстрадиран 35-годишниот македонскиот државјанин Симеон Михаилов, шестообвинет во случајот „Детонатор“ и неправосилно осуден на доживотен затвор.

Основниот суд Скопје 1 го бараше Михаилов со меѓународна потерница поради обид за убиство на кочанчанецот Драганчо Стојменов. Италијанската полиција бегалецот го уапси, а лани во август Министерството за правда до италијанските власти ги испрати потребните документи за негова екстрадиција во Македонија, со оглед дека тој се бараше по повеќе кривични дела – злосторничко здружување, убиство во обид и насилство.

Кон крајот на минатата година беше изречена неправосилна судска пресуда во случајот „Детонатор“, според која тој беше осуден на доживотна казна затвор.