/ Прочитано:

2.310

ДИК: Четиринаесетти септември краен рок за листи на кандидати за локалните избори 2017

Државната изборна комисија ги извести општините и Градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и Градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија. ДИК во известувањето нагласува и дека согласно со роковникот за извршување изборни дејствија, 14 септември 2017 година е крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори 2017.

Државната изборна комисија соопшти дека се обратила до сите општини и од надлежните побарала да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии заради непречено организирање и спроведување на локалните избори на 15 октомври 2017 година.

Во согласност со барањата од страна на Државната изборна комисија, сите општини и Градот Скопје се должни најдоцна до денеска (11 август 2017) година  јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а најдоцна до 25 август 2017 општините и Градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

„Исто така, Државната изборна комисија ги извести општините и Градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и Градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија“, соопшти ДИК.

Оттаму посочуваат и дека денеска (11 август 2017) е крајниот рок до кога печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни ценовниците да ги достават до институциите: ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

ДИК во известувањето нагласува и дека согласно со роковникот за извршување изборни дејствија, 14 септември 2017 година е крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори 2017.

А. Б.