/ Прочитано:

816

ДИК: До 13 часот на референдумот за ГТЦ гласале 20,76 отсто

Недела, 26 април 2015 – До 13:00 часот гласачкото право на референдумот за ГТЦ го оствариле 20,76% од гласачите во Општина Центар, велат од Државната изборна комисија (ДИК).

Гласале 9.043 жители од вкупно 43.560 гласачи во избирачкиот список. За споредба на последните претседателски избори излезноста до 13:00 часот била 33,37%. Од ДИК велат дека различна е излезноста на 78-те избирачки места, таа се движи од 34% на некои избирачки места, до најмала, 8% на други.