/ Прочитано:

4.197

ДИК: Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него.

Државната изборна комисија упати јавен повик до граѓаните кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список.

Врз основа на член 31, став 2, точка 28 д од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија усвои:

Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него.

Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните, кои заклучно со 1 февруари 2017 година станале полнолетни.

Јавниот увид може да се изврши:

– на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија www.mk;
– во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, како и други подетални информации може да се најдат на официјалната веб-страница  www.sec.mk.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.