/ Прочитано:

1.647

ДИК почна со дистрибуција на доверливиот изборен материјал

Во согласност со изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО (избирачките одбори).

Државната изборна комисија (ДИК) денеска започна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии (ОИК) за локалните избори закажани за в недела.

Во согласност со изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО (избирачките одбори).

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан за две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.