/ Прочитано:

640

Директорите на правосудните академии од регионот ќе разменат искуства за пристапот до судиската и обвинителската професија

Понеделник, 2 јуни 2014 – Директорите на правосудните академии од регионот, денеска во Белград, во рамки на Конференцијата „Пристап до правосудните професии“ ќе разменат практични искуства во поглед на пристапот до професиите судија и јавен обвинители.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска денеска во Белград ќе го презентира моделот на почетна обука во Академијата, во рамките на Конференцијата „Пристап до правосудните професии“ која ја организираат Мисијата на ОБСЕ во Србија и српската Правосудната академија.

Целта на конференцијата е да се разменат меѓународните и регионалните практични искуства во поглед на пристапот до професиите судија и јавен обвинители.

Покрај директорите на правосудните академии од Регионот, претставниците од Франција и Германија и Мисијата на ОБСЕ во Република Србија, на конференцијата ќе присустуваат и високи претставници од правосудството на Република Србија. 

„Учеството на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на конференцијата е од посебно значење бидејќи оваа конференција претставува одлична можност за унапредување на меѓународната соработка, како и за презентација на Академијата и правосудниот систем на Република Македонија“,  истакнуваат од Академијата.