/ Прочитано:

955

ДКСК: Јавна опомена за член на Советот на Општина Валандово

Среда, 15 јули 2015 – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) му изрече јавна опомена на Љупчо Мишков бидејќи во предвидениот рок не се откажал од една од двете функции кои истовремено ги извршува – член на Советот на Општина Валандово и управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „Викмар транспорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, село Удово.

ДКСК, како што соопшти, утврдила судир на интереси кај Мишков поради што се обратила до него со барање за 15 дена доброволно да се откаже од извршување на една од функциите, но тој тоа не го сторил.

„Љупчо Мишков не постапи по барањето на Државната комисија, поради што Државната комисија за спречување на корупцијата согласно член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси донесе одлука да му изрече мерка јавна опомена. Согласно член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање“, наведува ДКСК.