/ Прочитано:

808

До 15 март пријавување дополнителни приходи за 2014 година

Понеделник, 16 февруари 2015 – Граѓаните што оствариле дополнителен приход во текот на минатата година треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи до 15 март. 

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или од хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и ако оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, ако се работно ангажирани во амбасада, во мисија на меѓународна организација.

Граѓаните може да поднесат Годишна даночна пријава до дирекциите на УЈП, на отворените даночни шалтери, како и по електронски пат.

Mинатата година беа поднесени околу 180.000 годишни даночни пријави.