Агенција за храна и ветеринарство

Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство како самостоен надлежен орган е одговорна за спроведување, контрола, надзор и следење на ветеринарните активности  во областа на здравствената заштита на животните, нивната благосостојба, ветеринарното јавно здравство и заштитата на животната средина и природата. Работите од својата надлежност ги врши согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, безбедноста на храната од животинско потекло, меѓународните договори што ги ратификувала Република Македонија, меѓународните стандарди на Светската Организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), како и со други акти и стандарди со кои се обврзала Република Македонија.