Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати

Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати

Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати е донесен со цел да се изврши усогласување на македонското законодавство со законодавството на Европската Унија во сегментот на безбедноста во снабдувањето, односно заради согласување со Директивите на ЕУ кои ги обврзуваат земјите членки да одржуваат минимални залихи на сурова нафта и нафтени деривати, со оглед дека снабдувањето на ЕУ со сурова нафта и нафтени деривати е од особено важност имајќи ја предвид зависноста на ЕУ од увозот на наведените производи што ја нагласува потребата
за подобрување на сигурноста во снабдувањето на ЕУ во целина.

 Дирекцијата ги врши следниве работи: 

  •  формирање, чување, обновување, зановување и користење на задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати,
  • купување и продажба на нафта и нафтени деривати со цел за формирање и обновување на задолжителните резерви,
  •  пресметување на нивото на залихи на задолжителните резерви врз основа на податоци од референтната година,
  •  водење на евиденција за нивото и видот на залихите на задолжителни резерви,
  • осигурување на залихите на задолжителни резерви од ризици,
  • предлагање начин за утврдување, пресметување, висина и уплатување на надоместокот за задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќа при увоз како и при промет на нафтени деривати од домашно производство,
  •  прибирање на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати,
  •  грижа за наменско трошење на средствата за формирање и складирање на задолжителните резерви,
  •  предлагање начин за утврдување, пресметување и плаќање на трошоците во врска со складирањето, чувањето и одржувањето на задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати,
  •  предлагање начин и постапка за користење, физичка достапност и расположливост на задолжителните резерви во случај на нарушување на енергетската сигурност на државата предизвикана од нарушувања во снабдувањето од поголеми размери,
  •  предлагање на мерки за ублажување на последиците кои се резултат на потешкотии во снабдувањето со нафта и нафтени деривати,
  •  утврдување на условите за складирање на задолжителните резерви преку следење на расположливост на складишните капацитети,
  • изградба на нови складишни капацитети и одржување на постоечките,
  •  изготвување на регистар на залихи на задолжителните резерви во случај на нарушување на енергетската сигурност на државата предизвикана од нарушувања во снабдувањето од поголеми размери,
  • склучување на договори за складирање на задолжителните резерви и нивно евидентирање,
  •  надзор и управување со задолжитените резерви,
  • надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон.