Издавање на патна исправа за малолетни лица

Патни исправи

Лице до навршени 14 години живот, може да има сопствен пасош или на барање на родителите или старателот, да биде запишано во пасошот на еден од родителите, односно старателот.

  • Запишувањето на детето во пасошот на родителот, односно старателот е со рок на важење до пет години и може да се продолжува, до навршени 14 години живот на детето.
  • Запишувањето на детето во пасошот на родителот, односно старателот ќе се поништи по службена должност кога на детето ќе му биде издаден сопствен пасош.

Опис на постапка

  1. Термини за аплицирање за пасош закажувате на  телефонскиот број 0800 192 92 (може да се закаже само од фиксен телефонски апарат) или пак преку веб сајтот на МВР (само за за граѓани со живеалиште на подрачјето на град Скопје).
  2. Барањето за издавање на патна исправа или виза го поднесува еден од родителите, односно старателот.
  3. Службеното лице врши проверка на брачниот статус на подносителот во службените евиденции. Кога родителското право го врши еден од родителите, барањето за издавање на патна исправа (уредно и читко пополнето) или виза за лице помладо од 18 години, го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување, со согласност и од другиот родител. Согласноста од другиот родител може да се докаже и со поднесување на уредно и нотарски заверено полномошно. Ако другиот родител на лицето се противи на издавањето на патната исправа или виза, органот надлежен за издавање на патни исправи и визи постапува во согласност со Законот за семејство.
  4. Доколку малолетни деца, биле запишани во пасошот на родителот, при издавање на личен пасош на детето, се приложува и пасошот на родителот за поништување на уписот во истиот.
  5. При поднесувањето на барање за издавање на патна исправа за малолетно лице, не е потребно лично присуство на малолетното лице (детето).
  6. Работното време на шалтерите е од 08.30 часот до 19.30 часот.

Потребни документи

  • барање за издавање на пасош (уредно и читко пополнето);
  • уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот;
  • уплата за административна такса од 100,00 денари-на уплатница-за лица до 4 годишна возраст;
  • уплата за административна такса од 200,00 денари- на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст;
  • извод од Матична книга на родени или друг документ со фотографија;
  • лична карта ( на родителот- подносител) и
  • доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство.

Плаќање на таксена марка преку смс порака

  1. Лицето кое сака да изврши наплата за одреден административен трошок преку СМС порака, потребно е да испрати СМС порака на бројот 144 166 со префикс на мобилен оператор. Пораката има строго дефинирана содржина и тоа <коден збор>  <име>  <презиме>  <сума> до која што корисниците треба да се придржуваат. Кодните зборови ќе бидат објавени на шалтерите на МВР.
  2. Доколку корисникот не испрати СМС порака со точно определената содржина, истата нема да се обработи и наплатата нема да биде реализирана.
  3. Доколку уплатата била успешна, со СМС пораката ќе биде приложен и трансакцискиот број. Овој трансакциски број корисникот треба да го сочува и приложи на шалтер при поднесување барање за конкретна услуга.