/ Прочитано:

888

Комисија за верификација на фактите: Меѓу кандидатите за пратеници нема соработници на тајните служби

Среда, 2 април 2014 – Ниту еден од кандидатите на поднесените 14 листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори не бил соработник на тајните служби, информираат од Комисијата за верификација на фактите.

Според податоците добиени од УБК, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и Службата за разузнавање при Министерството за одбрана, во нивната евиденција не е пронајден ниту еден кандидат кој соработувал со тајните служби.  Од вкупно 1.402 кандидати на 14-те листи, сега се проверени 850, додека останатите 552 претходно биле проверувани. 

Според портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски,  членовите на Лустрациска имаат законски можности да покренат постапка доколку во иднина некој од кандидатите биде пронајден во други документи што ќе бидат предмет на обработка, но посочува дека за тоа шансите се мали имајќи предвид дека поголем број од кандидатите се млади лица или на возраст кога не би можеле да бидат соработници со тогашните тајни служби.