Македонска навигација М-НАВ

Македонска навигација М-НАВ

 За вршење на услуги на воздухопловна навигација Владата на Република Македонија основа акционерско друштво  со еден акционер, државата – давател на услуги на воздухопловна навигација, согласно со Законот за трговските друштва.

Давање на услуги на воздухопловна навигација (ANS – Air Navigation Services) каде што влегуваат:
1.1) ATM услуги (Air Traffic Management) кои опфаќаат:
а) ATC услуги (ATS-Air Traffic Services), и тоа:

  •  контрола на летање (ATC-Air Traffic Control) се дава на воздухопловите преку издавање на одобренија и инструкции на надлежната контрола на летање за да овозможи безбеден, редовен и брз проток на воздушниот сообраќај,
  •  информирање во лет (FIS-Flight Information Service) се дава преку издавање на информации значајни за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај,
  • тревожење (ALRT-Alerting Service) се дава за воздухоплов кој има потреба од потрага и спасување преку известување и координирање на надлежните субјекти;

б) регулирање на протокот на воздушен сообраќај (ATFM-Air Traffic Flow Management) се дава за да овозможи максимално искористување на капацитетот на контролата на летање и обемот на сообраќајот и
в) организација на воздушниот простор (ASM-AirSpace Management) се дава за да обезбеди максимално и флексибилно искористување на воздушниот простор за сите  корисници;
1.2) услуги на воздухопловно информирање (AIS – Aeronautical Information Service) опфаќа собирање, обработка и дистрибуција на воздухопловните информации, итни известувања, воздухопловен информативен циркулар, воздухопловни карти и постапки и процедури за летање;
1.3) метеоролошките услуги кои опфаќаат собирање, обработка и дистрибуција на метеоролошки информации, метеоролошка прогноза, метеоролошки известувања и метеоролошки предупредувања и
1.4) поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уредите и опремата, за давање на услуги на воздухопловна навигација што подразбира превентивно и корективно одржување, приспособување, калибрирање, мониторирање, надгледување, управување, поставување и воведување во работа, како и развој и измена на процедури и упатства за работа и одржување на оперативните технички средства во состојба која овозможува безбеден и уреден воздушен сообраќај (CNS Services);
2) водење на евиденција, собирање, обработка и проследување на податоци кои се користат за наплата на надоместоци од услугите на воздухопловна навигација;
3) изготвување и редовно ажурирање на Зборникот на воздухопловни информации и
4) обука на ANS персонал.