Информации

МАНУ
„Крсте Мисирков“ бр.2
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел: +389(2)3235-400
Факс:+389(2)3235-500

МАНУ

Академијата е највисока и самостојна научна и уметничка установа во Република Македонија. Академијата е јавна установа од особено значење за Републиката.

Надлежности на Македонската академија на науките и уметностите:

  •  го поттикнува развојот на науките и уметностите;
  • ја следи состојбата во науките и уметностите и се залага за нивното унапредување, како и за оспособувањето и усовршувањето на научно-истражувачките и уметничките кадри;
  •  ја разгледува состојбата во областа на културното наследство и природното богатство;
  •  соработува во утврдувањето на политиката на Републиката во науките и уметностите;
  •  поттикнува, координира, организира и врши научни истражувања и уметнички остварувања, а особено оние што се од особено значење за Републиката;
  •  обезбедува услови за научна работа и уметничко творештво на своите членови;
  •  се залага за примена на современите методи во научните истражувања, како и на современите научни знаења и резултати од научните истражувања;
  •  воспоставува, одржува и развива меѓународна соработка во областа на науките и уметностите.