Нотарска комора на РМ

Нотарска комора на РМ

Нотарите на територијата на Република Македонија се организираат во Нотарска комора на Република Македонија.

Надзор над работата на нотарите врши Нотарската комора.

  • Основна задача на Комората е да ја штити самостојноста и независноста на нотарите како јавни службеници, во вршењето на јавните овластувања, да ја брани и одбранува честа и угледот на нотарот и нотарската професија воопшто.
  • Своите основни задачи Комората ги уредува и извршува во согласност со Уставот, Законот за нотаријатот, Статутот и другите акти на Комората.