Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Пријавување и плаќање на данокот на добивка

Пријавување на данок на добивка на непризнаените расходи по истекот на годината

Утврдувањето и плаќањето на данокот на добивка се врши на Даночен биланс за оданочување на непризнаените расходи (образецот “ДБ“), кој се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство, односно до 28/29 февруари во годината што следи по годината за која се врши оданочувањето. За даночните обврзници кои Годишната сметка до Централен регистар на РМ ја доставиле електронски, рокот за доставување е до 15 март.

Плаќање на данок на добивка на непризнаените расходи по истекот на годината

Утврдената разликата меѓу уплатената аконтација на данокот на добивка, пресметана според износот на данокот во “ДБ“ за претходната година и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка на непризнаените расходи утврдена во “ДБ“ за деловната година, даночниот обврзник е должен да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка.

Плаќањето на данокот на добивка го спроведува овластеното лице кај даночниот обврзник. Плаќањето на данокот по поднесената даночна пријава за самооданочување (образец “ДБ“), во редовна постапка се врши од паричните средства, вклучувајќи ги сите расположиви жиро сметки на даночниот обврзник.

Плаќањето на данокот на добивка, во постапка на присилна наплата, се врши од: целокупниот имот, приходите и побарувањата на даночниот должник, освен имотот (предметите) кои согласно Законот за даночна постапка се иземени од присилната наплата.

Плаќање на месечни аконтации на данок на добивка на непризнаените расходи

Месечните аконтации на данокот на добивка се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во Даночниот биланс за оданочување на непризнаените расходи за претходната година, зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

  • Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.

Даночни обврзници/правните лица немаат обврска да доставуваат Месечни пресметки на аконтациите на данокот на добивка на непризнаените расходи (образец “МДБ“) до Управата за јавни приходи.

Пријавување и плаќање на данок на добивка на исплатени дивиденди и други распределби од добивката

Данокот по основ на исплата на дивиденди и други распределби од добивката, обврзникот го утврдува на образец “ДД-ИД“ – Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката.

Пријавувањето и плаќањето на данокот на исплатените дивиденди и други распределби од добивката се врши најдоцна до денот на исплатата.