Информации

Генерален секретаријат на Владата на РМ
Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје
Тел: +389 2 3118-022

Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија има задача да го спроведе целосно Охридскиот рамковен договор и да обезбеди административна и стручна подршка на заменик претседателот на Владата на Република македонија задолжен за спроведување на рамковниот договор.

Највисоки и долгорочни приоритети на Секретаријатот се:

  • Да ги спроведе стратешките и другите одлуки усвоени од Владата што целат кон понатамошна стабилизација на мултиетничкиот карактер на Република Македонија;
  • Да ги координира напорите внатре во министерствата и другите јавни тела;
  • Да развива понатамошни стратешки пристапи за целите на Охридскиот рамковен договор;
  • Да создаде подобро разбирање за Охридските принципи и за бенефициите што произлегуваат за секој индивидуално и за општеството воопшто и да се изгради совест, и прифаќање на акциите што Владата ги презема за следење на општата политика;
  • Да се обезбеди Владата и јавноста со потребниот материјал и информации поврзани со процесот на спроведување, посебно со Националниот План за Вработување за Правичната Застапеност и со годишниот Извештај за Правичната застапеност во Јавниот Сектор.