Уверение за државјанство

Документи

Опис на постапка

  1. Барање за утврдување на државјанството на Република Македонија  се поднесува до Министерството за внатрешни работи според живеалиштето на лицето или ако лицето живее во странство, до дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство.
  2. Барањето се поднесува лично или со полномошно за Уверение за државјанство на Република Македонија.
  3. Формуларот може да се добие на шалтерите на управните служби на Министерството за внатрешни работи.
  4. Уверение за државјанство на Република Македонија може да се издаде според живеалиштето на граѓанинот или во сите подрачни единици на Министерството за внатрешни работи доколку државјанството е регулирано во регистарот на државјани.

Предвиден рок за издавање на уверението: веднаш по поднесување на барањето.

Потребни документи

Плаќање на таксена марка преку смс порака

  1. Лицето кое сака да изврши наплата за одреден административен трошок преку СМС порака, потребно е да испрати СМС порака на бројот 144 166 со префикс на мобилен оператор. Пораката има строго дефинирана содржина и тоа <коден збор>  <име>  <презиме>  <сума> до која што корисниците треба да се придржуваат. Кодните зборови ќе бидат објавени на шалтерите на МВР.
  2. Доколку корисникот не испрати СМС порака со точно определената содржина, истата нема да се обработи и наплатата нема да биде реализирана.
  3. Доколку уплатата била успешна, со СМС пораката ќе биде приложен и трансакцискиот број. Овој трансакциски број корисникот треба да го сочува и приложи на шалтер при поднесување барање за конкретна услуга.