Возачка дозвола

Возачка дозвола

Возачка дозвола е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени категории или поткатегории на возила.

Возачката дозвола ја издава Министерството за внатрешни работи.

Со моторно возило во сообраќајот на патот може самостојно да управува само лице кое има важечка возачка дозвола,  странска возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола.

  • Меѓународна возачка дозвола е јавна исправа што ја издава правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи,  врз основа на возачката дозвола.
  • Странска возачка дозвола е возачка дозвола и меѓународна возачка  дозвола што ја издава надлежен орган на странска држава.