/ Прочитано:

996

Додека САД се на „нишан“ за непочитување на човековите права – американската полиција уби уште еден цивил

Среда, 20 август 2014 – Немирите во градот Фергусон го потврдуваат постоењето на длабоки проблеми со почитувањето на човековите права во американското општество, се наведува во изјавата на претставникот на руското Министерство за надворешни работи, задолжен за човекови права, демократија и владеењето на правото, Константин Долгов.

Висок степен на тензии во американското општество

„Трагичните настани во градот Фергусон, сојузната држава Мисури, кои следеа по убиството од страна на полицаец на невооружениот 18-годишен Афроамериканец, Мајкл Браун, сведочат за високиот степен на тензии во американското општество, кое останува поделено по расна основа“, се наведува во изјавата.

„Веќе десетти ден продолжуваат масовние протести, на кои има масовна употреба на сила за растерување на демонстрантите, испраќање на единици на Националната гарда и воведување полициски час и сето тоа во голем степен претставува повторување на расните катаклизми, кои досега се случувале во минатото во САД“, нагласи рускиот омбудсман.

Според Долгов немирите во Фергусон и реакциите на властите, кои варираат од жестоко спротивставување на незаконските дејствија кон повици за смирување и дијалог, повторно го потврдуваат постоењето на длабоки системски проблеми со почитувањето на човековите права и на демократските стандарди во американското општество.

Ново убиство на демонстрант

Во близина на американското гратче Фергусон, полицајците во Сент Луис убиле еден осомничен, кој бил вооружен со нож. Човекот, Афроамериканец, извикал „Убијте ме сега“ и им се приближил на полицајците, соопшти шефот на полицијата во Сент Луис, Сем Дотсон, преку Твитер. Полицајците прво упатиле усно предупредување, а потоа, „загрижени за својата безбедност, пукале.“

Египет бара воздржаност

Египетското Министерство за надворешни работи побара од САД „воздржаност во операциите против демонстрантите“ во градот Фергусон,во сојузната држава Мисури.

Во соопштението,официјален Каиро вели дека Египет „внимателно ја следи ескалацијата на протестите“ по фаталниот инцидент од 9 август,кога полицаец белец, застрела еден млад и невооружен афроамериканец.