/ Прочитано:

1.478

СУДЕЊЕ „Керозин“: Домашен притвор за обвинетите во „Керозин“, бараат нивните семејства

Четврток, 14 ноември 2013 – Сопругите и родителите на обвинетите во судскиот процес „Керозин“ денеска јавно апелираа тие да бидат пуштени во домашен притвор. Тврдат дека дел од обвинетите возачи ги возеле камионите помалку од еден месец пред апсењата, а ги држат во притвор 12 месеци со образложение дека ќе избегаат или ќе го повторат делото. Инаку денешното речиште беше затворено за јавноста бидејќи се изведуваа докази прибавени со посебни истражни мерки.

„Нека ми објасни некој нормален како може да го повтопрат делото ако цистерните се одземени, не се во нивна сопственост. тие работеа во фирмата за 14.000 денари за да може да ја преранат фамилија. Ако тие сега носта нафта со кофа и прават криминал тогаш нека ги држат, само така може да го повторат делото“, вели роднина на еден од обвинетите во „Керозин“.

„Мојот сопруг беше неполн месец возач во фирмата. Цела година е во протвор нема основа повеќе да ги држат“, вели сопругата на еден од обвинетите возачи. 

Предметот за акцијата „Керозин“ опфаќа вкупно 16 лица кои се товарат за повеќе кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, фалсификување на исправа, перење на пари и други приноси од казниво дело, даночно затајување, и давање и примање поткуп. Освен Ангел Пецов, неговата сопруга и син, обвинението ги опфаќа и сопствениците на фирмите кои ги помагале наводните финансиски малверзации на „Алма-комерц“, испорачателите на нафтата – возачите на цистерните, но и вработени во оштетените иституции – котлари, домари и сл., кои биле задолжени да вршат прием или контрола на испорачките. Измамата била направена на тој начин што се користеле идентични цистерни на кои им биле заменувани табличките, односно оние со нафтата која требала да биде испорачана се заменувале со други, кои имаат помалку нафта од потребното, се наведува во обвинителниот акт…

>> Предметот целосно можете да го проследите тука.