/ Прочитано:

853

Дополнување на Договорот за американска помош за правните реформи во земјава

Среда, 4 септември 2014 – Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со министерот за правда Аднан Јашари во име на Владата на РМ и амбасадорот на САД во РМ, Пол Волерс во име на Владата на САД, ќе го потпишат Писмото за согласност за спроведување на законите меѓу двете земји.

Станува збор за потпишување на второто надополнување на Договорот за програмите за правна помош, првпат потпишан во август 2012 година.

Со парафирањето на ова дополнување на Договорот, всушност се овозможуваат измени на целите и активностите на програмите за правна помош на Владата на САД во согласност со сегашните потреби и околности во Република Македонија, а коишто се должат на пошироката динамика на правните реформи во насока на процесот и аспирациите на Македонија за членство во Европската унија.

Потпишувањето на договорот ќе се случи во 14 часот во конференциската сала на ресторанот „Воденица“ во Скопје.