/ Прочитано:

1.546

ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ: Изминатата недела извршени 780 контроли

Четврток, 19 март 2015 – Државниот пазарен инспекторат во текот на минатата недела извршил вкупно 780 надзорни контроли според законите за трговија, за угостителска дејност, за метрологија, за занаетчиска дејност, за заштита од пушење, за заштита на потрошувачите, за акцизи, за пакување и отпад од пакување, за градежни производи, за туристичка дејност, како и за безбедност на производи.

Најголемиот дел од контролите биле според Законот за трговија кај 378 субјекти, кај 90 според Законот за угостителска дејност,  според Законот за метрологија кај 39 субјекти, според Законот за занаетчиска дејност кај 38 субјекти, според Законот за заштита од пушење кај 60 субјекти, според Законот за заштита на потрошувачите кај 66 субјекти, по Законот за трговски друштва кај 10 субјекти, по Законот за акцизи кај 6 субјекти, по Законот за пакување и отпад од пакување кај 4 субјекта и по Закон за градежни производи кај 1 субјект, според Законот за туристичка дејност кај 3 субјекти и според Законот за безбедност на производи кај 16 субјекти.

Контролите се извршени во Охрид, Гостивар, Битола, Куманово, Струмица, Штип, Струга и Тетово.

Од спроведените контроли во Охрид одземени се 109 цедеа. Во Гостивар издадени се два платни налога во износ од 3.400 евра, изречена е мандатна казна во износ од 36.900 денари и наплатена е глоба во вредност од 6.170 денари. Во Куманово изречена е мандатна казна по Законот за угостителска дејност во износ од  123.000 денари за  правното  лице  и   30.750 денари за  одговорното лице во правното лице, издадени се  2 платни налози во износ од  по 12.300 денари, привремена забрана од 30 по Законот за трговија, од 10 дена поради прекршување на работното време и од 7 дена по Законот за заштита од пушењето. Во Гостивар е одземена и стока  во износ  од  5.999 денари  пo Законот за  трговија.

 Во Струмица се изречени две забрани за вршење дејност по Законот за трговија, а одземена е и стока во вредност од 6.790 денари.

 Во Штип инспекторите издале два платни налози по Законот за метрологија во износ од 5.000 евра, два платни налози по Законот за заштита на потрошувачите во износ од по 1.500 евра, 1 платен налог по Законот за инспекциски надзор  во износ од 1.500 евра и еден платен налог по Законот за трговија во износ од 3.400 евра.

 Издадени се и две покани за наплата на глоба по Законот за трговија во износ од по 600 евра, направени се 10 едукации, издадено е едно решение по Законот за метрологија забрана за користење мерило, 1 решение по Законот за заштита од пушење во траење од 7 дена и едно решение по Законот за угостителска дејност во траење од 30 дена.

Во Струга има едно решение за забрана во рок од 30 дена и една мандатна казна по Законот за трговија во износ од 36.900 денари и во Тетово два платни налози во вредност од 12.300 денари, вкупно 24.600 денари и едно решение за забрана од 30 дена.