/ Прочитано:

824

Државната комисија за управна постапка вработува 32 дипломирани правници

Петок, 19 септември 2014 – Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен утре ќе објави оглас за вработување на 32 нови државни службеници.

Повеќето од позициите за кои што ќе се аплицира се за дипломирани правници, а огласот ќе биде објавен во дневниот печат и на веб страната на Агенцијата за администрација.

Станува збор за двајца државни советници, двајца раководители на сектор, 10 помошници раководители на сектор, 12 раководители на одделение и 6 советници.Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен утре ќе објави оглас за вработување на 32 нови државни службеници.

Условите кои треба да ги исполнат заинтересираните кандидати ќе бидат наведени во огласот.

Од Државната комисија апелираат до сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за огласот да се пријават на истиот, од таму очекуваат голема заинтересираност за пополнување на работните позиции.

„Добредојдени се да се пријават сите квалитетни и искусни кадри, со можност истите да бидат избрани. Ова е голема можност за професионален развој и кариерен напредок во Државната комисија, како орган во втор степен, со широка лепеза на наделжности. Искуството на еден државен службеник во ваков орган, ќе придонесе да се запознае детално со надлежностите на голем број државни органи, односно постапките кои истите ги спроведуваат кога решаваат за правата и обврските на странките“, истакна Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија.

Вработувањето на стручен и квалитетен кадар, рече таа, придонесува и за развој на Државната комисија, која останува доследна на заложбите за стручно, ефикасно и пред се законито работење.

 Државната комисија информира дека го објавува овој оглас  поради зголемениот обем на работа кој го имаат сега, а ефикасноста во работењето на надележните органи, побрзо решавање на управните работи и изложување на странките на што помалку трошоци е од примарна важност.