/ Прочитано:

747

Државниот инспекторат за транспорт одземал 37 возила

Понеделник, 26 август 2013 – Во вториот квартал од оваа година се извршени 1.145 инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за транспорт. При контролите  одземени се 37 возила со кои се вршел незаконски јавен превоз на стоки и патници, информираат од Министерството за транспорт и врски. 

„Имено, во овој период се одземени вкупно 37 возила со кои се вршел незаконски јавен превоз на стока и патници без дозвола, односно лиценца, од кои 34 се трајно и 3 возила се временo  одземени. Во истиот период се издадени вкупно 153 платни налози и 91 покана за наплата на глоба за лицата кои ги прекршиле законските одредби. Надлежните инспектори поднеле 191 барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, и 186 барања до надлежната комисија за прекршоци заради констатирани нерегуларности, во текот на извештајниот период. Еден дел од трајно одземените возила дел ќе биде распределен на институции каде има потреба од тоа, а друг дел ќе бидат предмет на продажба“, соопштува Министерството за транспорт и врски.

 Во соработка со Царинската управа и Граничната полиција, Државниот инспекторат за транспорт врши контрола на влез и излез на граничните премини.