/ Прочитано:

2.176

Државниот завод за статистика за бројот на дипломирани студенти во 2016 година

Државниот завод за статистика објави соопштение за бројот на дипломирани студенти за 2016 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во 2016 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2015 година, е намален за 2.5%.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 80.5% се редовни, а 19.5% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 58.0%. Од вкупниот број студенти, 36.0% дипломирале во рок, додека 64.0% дипломирале по рокот.