/ Прочитано:

1.686

Двајца од обвинетите во „Ликвидација“ на повторно судење за делото примање поткуп

Како што информираат од Кривичниот суд, велешкиот судија Танев и второобвинетиот во „Ликвидација“ Хофман, на повторното судење за делото примање поткуп повторно биле огласени за виновни. Оваа пресуда повторно била обжалена пред Апелациониот суд, кој ги уважил жалбите на обвинетите и предметот го вратил на повторно судење.

????????????????????????????????????

Апелациониот суд во Скопје по вторпат го враќа на судење предметот „Ликвидација“ за обвинетите Иле Танев и Сабедин Џини-Хофман кои одговараат за кривичното дело примање поткуп.

Како што информираат од Кривичниот суд, велешкиот судија Танев и второобвинетиот во „Ликвидација“ Хофман, на повторното судење за делото примање поткуп повторно биле огласени за виновни.

„Имено, Основниот суд Скопје 1 – Скопје со пресуда КОК 6/15 од 2.10.2015 ги огласи за виновни И. Т. и С. Џ. Х, и тоа И. Т. за кривичното дело примање поткуп, од членот 357 ст. 1 од КЗ, и му одреди казна затвор во траење од 1 година, а имајќи ја предвид утврдената казна затвор од траење од 1 година и 6 месеци за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, од членот 353 ст. 2 в.в со ст. 1 определена во пресудата КОК 51/13 и потврдена во тој дел од Апелациониот суд, на обвинетиот И. Т. утврдена му е единствена казна затвор во траење од две години. Обвинетиот С. Џ. Х. за кривичното дело примање поткуп од членот 357 ст. 1 в.в со членот 24 судот го осудил на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци во кои казни се смета и времето минато во притвор“, појаснуваат од Судот.

Оваа пресуда повторно била обжалена пред Апелациониот суд, кој ги уважил жалбите на обвинетите и предметот го вратил на повторно судење.

Судскиот процес „Ликвидација“, во кој обвинети беа судии, адвокат, обвинител и новинар, заврши со правосилна пресуда со која сите осуммина беа прогласени за виновни.

Апелациониот суд ја преиначи првата пресуда во делот на казните за новинарот Томислав Кежаровски, судијата Валентин Зафиров, обвинителот Ивица Ефремов, поранешниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот Сашко Лазаров. Повисокиот суд ја потврди казната за обвинетиот Јане Павловски-Тица, како и казната за судијата Танев за делото злосторничко здружување.

Според обвинителниот акт, велешкиот судија Иле Танев во текот на 2008 година, како службено лице судија во Основен суд Велес и претседател на Кривичниот совет, побарал од обвинетиот Сабедин Џини-Хофман  поткуп во износ 2 000 евра за да гласа за укинување на притворот за предмет во кој како обвинет за разбојништво се јавува заштитениот сведок во „Ореше“ Златко Арсовски, заедно со уште едно лице.

М. С.

„Ликвидација“