/ Прочитано:

2.162

ЏЕРЕМИ ХОПКИНС, ПРЕДАВАЧ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА АКАДЕМИК: Адвокатите треба да се стремат да ги употребуваат предностите на современата технологија

Хопкинс е консултант за правни услуги и технолошки развој, кој им помага на компаниите да ги изберат и да управуваат со правните услуги. Неговите услуги вклучуваат управување со правни решенија со фокус на зголемување на комерцијалната вредност на компаниите. Тој е познат експерт коментатор на развојот на пазарот на правните услуги, се занимава со издавачка дејност, активно е присутен на социјалните медиуми и на правните конференции.

Џереми Хопкинс, предавач на Конференцијата на Академик

Џереми Хопкинс е експерт во областа на правните технологии, со долгогодишно искуство и успешна работа во повеќе водечки адвокатски трговски комори. Во моментов работи како независен консултант. Во неговата кариера најмногу се издвојува работата во компанијата „Обелиск поддршка“ каде што е виш член на раководниот тим задолжен за развој на бизнисот, а одговорен е и за менаџирањето на портфолиото на широк спектар на корпоративни клиенти (главно на 100-те рангирани на берзата според индексот на „Фајненшел тајмс“) и адвокатски канцеларии. Хопкинс е консултант за правни услуги и технолошки развој, кој им помага на компаниите да ги изберат и да управуваат со правните услуги. Неговите услуги вклучуваат управување со правни решенија со фокус на зголемување на комерцијалната вредност на компаниите. Тој е познат експерт коментатор на развојот на пазарот на правните услуги, се занимава со издавачка дејност, активно е присутен на социјалните медиуми и на правните конференции.

За независниот правен консултант Џереми Хопкинс, неговите поранешни соработници од „Обелиск поддршка“, каде што бил на лидерската позиција, ќе кажат дека тој е заслужен за најголемиот развој на компанијата преку својот уникатен пристап во правната поддршка која придонела за зголемување на уделот на пазарот.

Хопкинс има импресивно професионално минато во развојот на бизнисот и во областа на маркетинг-менаџментот и проект-менаџментот. Тој е добро познат и меѓу адвокатските фирми и во адвокатските комори поради својата способност да инспирира млади луѓе и поради успехот во развојот на правниот бизнис.

Хопкинс е еден од единаесеттемина предавачи на овогодишната четврта по ред Конференција на Академик „Управување со правни ризици: правни трендови“, која ќе се одржи на 18 и 19 октомври во Скопје.

Во интервју за Академик, Хопкинс зборува за бројните начини на кои се решаваат правните проблеми во современиот свет. Без разлика на тоа дали станува збор за употреба на традиционалните методи за решавање на правните ризици или за употреба на алтернативни методи или технолошки развиени модели, Хопкинс наведува дека пазарот станува сè потежок за управување.

Колку се применливи правните трендови и иновациите во технологијата во вашите услуги?

Во мојата работа се фокусирам на тоа да им помогнам на организациите и на компаниите да го направат вистинскиот избор кога станува збор за изнаоѓање решенија за комерцијалните правни проблеми. Пазарот на правни услуги се менува со брзо темпо, а се зголемува и бројот на начини на решавање на правните проблеми, без разлика дали преку традиционални методи, преку алтернативни модели или со помош на технологијата. Како резултат на тоа, пазарот станува сè потежок за управување. Јас создавам вредност употребувајќи го моето темелно познавање на тековните работи на пазарот за да им помогнам на компаниите да го најдат најдобриот начин за решавање на проблемите и да испорачаат вредност во согласност со нивните комерцијални цели.

Како се справувате со правните ризици во работењето?

Правните ризици се првата работа што им ја презентирам на клиентите и за која разговараме со цел да воспоставиме систем и решенија кои најдобро ќе се вклопат во нивните потреби и кои ќе придонесат за дефинирање на вредностите. Клиентите секогаш се потпираат на моите совети, но ние работиме заеднички  за да постигнеме јасни формални основи на соработка со давателите на правни услуги кои на крајот ќе бидат оние кои можат да го носат правниот ризик. Дополнително, јас само препорачувам решенија кои знам дека ќе бидат сигурни, ефективни и одржливи за моите клиенти и кои ќе го ублажат ризикот.

Бидејќи се занимавате со маркетинг и со социјални медиуми, колку сметате дека социјалните мрежи како иновативен начин за рекламирање и презентација влијаат во секојдневното работење особено во областа на правото?

Илустрација, компјутер, пребарување

Социјалните медиуми се доминантна сила кога станува збор за промоција на вашата работа, но на нив повеќе треба да се гледа како на алатка, а помалку како на решение за вашиот бизнис. За да бидат ефективни, социјалните медиуми треба да бидат засновани на солидно познавање на клучните принципи на пазарот и како тие принципи можат да ги задоволат барањата на пазарот што сакате да го освоите. Сето ова треба да биде комбинирано со работната сила која е овластена да ја рашири пораката и да ги вклучи на автентичен и хуман начин.

За жал, обично правните фирми имаат тешкотии при усогласувањето на своето работење во согласност со овие клучни барања, што подразбира дека цената ќе биде поголема за оние што ќе се издвојат преку ефикасна употреба на социјалните медиуми.

Адвокатите треба да се стремат да ги употребуваат предностите на современата технологија повеќе отколку да употребуваат најсовремена технологија

Хопкинс вели дека и покрај тоа што е лесно да се претпостави дека ефикасноста може лесно да биде остварена преку интегрирање на технологијата во работата, сепак стратегијата за развојот на технологијата во една компанија треба да биде фокусирана на ефикасност во правната работа, а не на тоа да се поседува најскапата технологија.

„Технологијата ќе продолжи да има голема улога во способноста на адвокатите за конкуренција, но клучно во нивната работа и понатаму треба да биде зголемувањето на ефективноста во обезбедувањето на правните услуги. Адвокатите треба да се стремат да ги употребуваат предностите на современата технологија повеќе отколку да употребуваат најсовремена технологија“, вели Хопкинс.

М. С.

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година