/ Прочитано:

1.018

ДЗЛП: Започна имплементацијата на ИПА-проектот „Заштитата на лични податоци и медиумите”

akademik foto 1

Реализацијата на проектот „Заштитата на лични податоци и медиумите”, велат од Дирекцијата, ќе придонесе за поефикасна имплементација на правото на приватност и заштита на личните податоци водејќи сметка и за правото на слобода на изразување и информирање.

Проектот треба да помогне да се разберат и да се подобрат стандардите за заштита на лични податоци, како и да се креира алатка за усогласеност на медиумите со принципите за заштитата на лични податоци.

Проектот ќе се имплементира преку следниве компоненти: процена на почитувањето на принципите за заштита на лични податоци од страна на медиумите  и подобрување на стандардите и етичките правила за заштита на лични податоци од страна на медиумите.