/ Прочитано:

888

ДЗС за деловните тенденции во градежништвото: Зголемена доверба и поповолни очекувања за договорите за градежни работи

slika

Државниот завод за статистика објави соопштение за деловните тенденции во градежништвото. Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, се вели во соопштението, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 2,0 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се намали во наредните три месеци. Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на четвртото тримесечје од 2015 година.

Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна во споредба со третото тримесечје од 2016 година.

Во наредниот период се очекува да се намалат продажните цени, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2016 година се над нормалата. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали, со 18,9 %, зголемени финансиски трошоци (камати), со 14,8 %, конкуренција во сопствениот сектор, со 12,5 % и нема побарувачка, со 12,5 %.

M.В