/ Прочитано:

980

Контроверзниот закон со кој се забранува посвојување на руски деца од страна на Американци оди кај Путин на потпишување

Четврток, 27 декември 2012 – Пркосејќи и на бура домашни и меѓународни критики горниот дом на рускиот параламанет синоќа едногласно го одбори контроверзниот закон со кој на американски граѓани им се забранува да посвојуваат деца од Русија. Се очекува законот да  биде предаден на рускиот претседател Владимир Путин за негово потпишување.

Законот кој  е дел од мерките на руските законодавци во знак на одмазда поради американскиот закон „Магницки“ за санкции против Русите кои ги нарушуваат човековите права, синоќа беше едногласно изгласан од страна горниот дом на Рускиот парламент. 

Сите 143 членови на Советот на Федерацијата  гласаа за поддршка на нацрт-законот, кој предизвика критики од американски и руски официјални лица, активисти и уметници, кои велат дека тоа со тоа се лишуваат децата од можноста да избегаат од животот во сиропиталиштата.  Гласањето се случи неколку дена откако долниот дом на Парламентот со големо мнозинство ја одобри забраната.

Американскиот Стејт департмент вчера изјави дека жали на одлуката на рускиот парламент.

– Од 1992 година, американските семејства посвоија повеќе од 60.000 руски деца на кои им се дава можност да растат во семејна средина, изјави портпаролот Патрик Вентрел во соопштението од Вашингтон.

– Со законот кој беше донесен од страна на парламентот на Русија на многу деца ќе им се спречи оваа можност, се додава во соопштението. 

Десетици илјади руски деца биле посвоени во САД во изминатите 20 години. Според податоците на УНИЦЕФ во Русија има околу 740.000 деца без родители.

Гласањето на законот беше проследен и со демонстрации пред рускиот парламент, по што следеа и неколку апсења.