/ Прочитано:

766

ЕИПА мисија за проценка нa фaктитe за реализација на Проект за јакнење на јавнообвинителската служба

Вторник, 31 март 2015 – Во рамките на повеќегодишна меѓународната соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) од Луксембург, денеска и утре ќе се реализира експертска мисија на ЕИПА со цел проценка на фактите за реализација на Проект наменет за јакнење на правосудството во Република Македонија, информираат од Академијата.

Експертот од ЕИПА во рамките на дводневната експертска мисија, како што посочуваат од Академјата, низ реализација на низа средби и работни состаноци ќе изврши проценка на фактите за реализација на Проект со кој ќе бидат спроведени обуки од областа на правото на ЕУ наменети за јавните обвинители и јавнообвинителската служба во Македонија.

„Имено, во периодот од 29 до 30 јануари 2015 година, во организација на Академијата, експертска мисија на ЕИПА успешно реализираше низа состаноци и работни средби со претставници на: Апелациониот суд Скопје, Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2, Министерството за правда на РМ, Здружението на судска администрација и Делегацијата на ЕУ во Скопје, каде беа разгледувани  можностите и фактите за реализација на нови проекти во рамките на кои, врз основа на утврдените потреби ќе се реализираат обуки за судиите и судските службеници.

Особено е значајно што во рамките на реализираната експертска мисија претставниците на ЕИПА-Европскиот институт за јавна администрација на Луксембург, изразија сериозна подготвеност за поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на Република Македонија како и за подготвеност за продолжување на добрата соработка помеѓу двете институции“, се вели во соопштението на Академијата за судии и јавни обвинители.