/ Прочитано:

10.453

Електронска наплата на билети и во ЈСП и во приватните автобуси на компаниите „Слобода превоз“ и „Мак експрес“

Постојат два вида електронски картички. Т.н. „моја скопска“ е персонализирана картичка и на неа стои фотографија од корисникот. Оваа картичка е наменета за граѓаните кои се редовни корисници на градскиот превоз. Луѓето, пак, кои повремено се возат со автобус можат да ја набават т.н. „скопска“електронска картичка, која е неперсонализирана. Картичката „скопска“ можат да ја користат повеќе лица, но не можат со неа да се возат заедно во исто време. Електронската наплата на билетите во јавниот градски превоз започна и во приватните автобуси на претпријатијата „Слобода превоз“ и „Мак експрес“, кои заедно со ЈСП се дел од линискиот превоз на патници во Скопје. Сосема исто како и ЈСП, овие приватни автобуски компании овозможуваат бесплатен градски превоз за пензионерите, и тоа во вторник, петок, сабота и во недела.

автобус

На првиот работен ден во новата година, најголемиот број од граѓаните кои го користат јавниот превоз за да стигнат до работните места веќе си обезбедија електронска картичка, која е во функција од 1 јануари. Останатите, кои не стигнаа да го сторат тоа пред почетокот на празничните денови, утринава купуваа електронска картичка во автобус. Таа чини 150 денари и за овој износ корисникот има пет возења гратис. Потоа, електронската картичка треба да се надополни, а најмалиот износ е 100 денари.

Билетот за 10 возења кој чини 250 денари граѓаните можат да го користат во рок од 15 дена.

Постојат два вида електронски картички. Т.н. „моја скопска“ е персонализирана картичка и на неа стои фотографија од корисникот. Оваа картичка е наменета за граѓаните кои се редовни корисници на градскиот превоз, а за да подигнат ваква картичка треба да платат 200 денари. Луѓето, пак, кои повремено се возат со автобус можат да ја набават т.н. „скопска“ електронска картичка, која е неперсонализирана. Картичката „скопска“ можат да ја користат повеќе лица, но не можат со неа да се возат заедно во исто време.

Од ЈСП информираат дека во случај некој корисник да ја изгуби или да ја оштети персонализираната картичка „моја скопска“, за да добие нова картичка, треба да го плати износот кој важи и при првото вадење на персонализираната електронска картичка .

„Врз основа на податоците за одреден корисник со кои располага ЈСП, може да се утврди сумата со која располагал на персонализираната картичка, а во случај да ја изгуби или да ја оштети, при вадење нова картичка, сета сума од изгубената или оштетената картичка се префрла“, информираат во ЈСП.

Системот овозможува и плаќање со мобилен телефон – со повикување на бројот 185 од сите мобилни телефони. Сè што треба да направите е да го повикате бројот 185, а потоа да го приближите мобилниот телефон до валидаторот (уредот со кој се чита картичката и со кој се регистрира плаќањето). Цената на автобускиот билет платена преку мобилен телефон изнесува 40 денари. Сите детали за начинот на користење на електронските картички можете да ги погледнете на следниот линк:

http://www.skopska.mk/#map

Електронската наплата на билетите во јавниот градски превоз започна и во приватните автобуси на претпријатијата „Слобода превоз“ и „Мак експрес“, кои заедно со ЈСП се дел од линискиот превоз на патници во Скопје. Сосема исто како и ЈСП, овие приватни автобуски компании овозможуваат бесплатен градски превоз за пензионерите, и тоа во вторник, петок, сабота и во недела.

Работите во системот на автоматска локација на автобусите ќе ги врши Оперативен контролен центар (ОПЦ) во состав на ЈСП, а мониторингот на системот ќе го врши Градот Скопје. Плаќањето ќе се одвива така што ОПЦ ќе изготвува месечен извештај за секое возило со податоци за изминатата километража и за квалитет на работењето. Извештајот ќе се верификува во Градот, а потоа ЈСП ќе изготвува пресметка на месечниот приход на превозникот.

Од Градот потенцираат дека интегрираниот модул на јавен транспорт е точно дефиниран во поглед на следењето и регулацијата на сите учесници, со цел да се обезбеди максимално ефикасен и одржлив превоз. Во оваа насока, ЈСП информира дека од почетокот на 2017 година, линиите на ЈСП и на приватните превозници нема да се поклопуваат затоа што со единствениот возен ред се регулира поделбата на линии по превозник, како и точните времиња на поаѓање и пристигнување.

А. Б.