/ Прочитано:

45.727

Електронско плаќање и електронска проверка на состојбите за персоналниот данок

Со новата услуга „е-плаќање на даноци“ се врши електронско плаќање и проверка на состојбите за персоналниот данок од кое било место и во секое време, истакнуваат од Управата за јавни приходи.

akad 7

Како да се регистрирате за е-плаќање на персонален данок

Постапката на регистрација за е-плаќање на даноци е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат, велат од УЈП.

Креирајте ваш кориснички профил на електронскиот сервис е-плаќање на даноци е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_pregledPlakanje.jsp со избор на менито „регистрирај се“ и следете ја процедурата.

  • Услугата за е-плаќање автоматски е овозможена (без дополнителна регистрација) за регистрираните корисници на е-радиодифузна такса.
  • На граѓаните (обврзници на ПДД) кои се регистрирани во системот за е-даноци со дигитален сертификат, автоматски им е овозможена (без дополнителна регистрација) услугата е-плаќање на даноци.

Електронско плаќање на даноци со безготовинска картичка

Услугата за е-плаќање на даноци со безготовинска картичка можат да ја користат граѓаните за плаќање на персоналниот данок. Граѓаните можат да вршат онлајн плаќање на персоналниот данок со безготовинските картички Visa, Maestro и MasterCard (кредитна и дебитна) издадени од домашна банка.

Онлајн проверка на даночните долгови

Е-плаќањето на даноци им овозможува на граѓаните да вршат онлајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени даночни обврски за персонален данок. На овој начин во секое време можат да ја проверат последната состојба на своите даночни долгови, вклучувајќи ги и долговите за радиодифузна такса и ДДВ.